Димитров од Велес: Задача на нашата генерација е да ставиме печат на независноста на Македонија

Од:

Задача на нашата генерација е да ставиме печат на независноста на Македонија, да инвестираме во стабилноста. Членството во НАТО значи Македонија да остане во овие граници и никој веќе да не се прашува дали ќе ја има и каква ќе биде, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров на трибина на коалицијата „Излези за европска Македонија“ пред граѓаните на Велес.

Димитров обраќајќи се кон велешани потсети дека ова е градот на Рацин кој пишуваше за силно светнат ден.

– Ќе светне силно денот идната недела на 30 септември. Јас на 17 мај 2015 година кога се собравме пред Владата во Скопје да се бориме, кажав еднаш ќе не биде и после тоа пред парламентарните избори неколку пати викнав дојде време оваа генерација да ги фатиме дизгините на нашата Македонија. Чекавме 27 години и никој не го боли повеќе каква ни е Македонија освен на нас тука, ние сме господари на нашата судбина и иднина, порача Димитров.

Во врска со изјавата на претседателот Ѓорге Иванов дека нема да гласа на референдумот, Димитров рече дека бегањето од референдум е бегање од гласот на народот.

– .Референдумот постои не да бегаме од решение туку да потврдиме решение. Првпат за толку тешко прашање најдовме решение што во член 7 потврдува дека стои македонски народ, член 1 потврдува дека македонскиот јазик е македонски јазик, рече Димитров.

Посочи дека Македонија е во прашање и треба гордо да се излезе на референдум.

– Гордо затоа што затворивме прашање што со векови го влечкаме. Не е страшно да се признае дека нашата држава на ова парче земја си ја направивме во 1944 со АСНОМ и од референдумот во 1991 со 27 години независност. Што од нас менува таа географска одредница ние сме биле и Народна и Социјалистичка, а името ни е Македонија. Нема друг начин да се сопре иселувањето освен Македонија да си ја направиме успешна. Нема друг начин пасошите наши македонски да бидат вредни ако не сме европски, порача Димитров.

Оцени дека оваа историска шанса не смее да се пропушта зашто, како што рече, не се знае кога друга шанса ќе дојде. – Ова е последна шанса и затоа ајде да ја зграпчиме, истакна Димитров.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев во обраќањето на трибината до своите сограѓани потсети што значи ќе стабилноста по влезот во ЕУ и НАТО.

– Тоа значи и подобар живот и таа стабилност за нас и нашите деца да останат во својата земја. Сега е шансата и треба да ја препознаеме, потенцира Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ

Маж допирал малолетничка во училиштен двор во Велес

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски

Велешанец e нападнат во казино

Горан Наумовски

Тешко повреден возач кој излетал од мостот кај Градскиот базен во Велес и паднал на пругата

Горан Наумовски