Еден од најталентираните фудбалери на Реал Мадрид, Марко Асенсио, се огласи околу шпекулациите дека на сакал да го наследи дресот со број седум кој во минатото го носеше Кристијано Роналдо.
– Не е точно дека не сум сакал да ја земам седумката. Никој не ми ја понуди. Воопшто по тоа прашање немав можност да се произнесам. Мој омилен број е десет. Сега тој му припаѓа на Лука Модриќ, што значи е во добри раце. Сепак, можеби во иднина ќе го добијам јас, изјави Асенсио.
22-годишниот Шпанец вчера беше стрелец на единствениот гол на дуелот со Еспањол, по што Реал барем привремено изби на врвот на табелата во Ла Лига.