(ВИДЕО) Спасовски: Институциите гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот

Од:

Правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози. Тајноста на гласот е гарантирана, а институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Секој граѓанин, како што истакна во видео-обраќање Спасовски, треба да гласа по сопствено убедување и сопствена волја.

– Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Макеоднија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните, рече Спасовски.

Тој најави дека ќе биде санкциониран секој обид за попречување на остварувањето право на глас.

– Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид пристисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкциониран, наведе Спасовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи