ВИДЕО: Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу

Од:

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два мали роботи на астероидот Ријугу во рамките на истражувањето, што може да помогне во знаењето за потеклото на Сончевиот систем.

Јапонската агенција за истражување на вселената соопшти дека два ровери „Минерва-II“ слетаа без екипаж на астероидот Ријугу. Леталото се доближи до астероидот во јуни, на околу 280 милиони километри од Земјата.

Aгенција наведе дека на потврда за слетување на сондите мора да се чека до утре, додека не почнат да стигнуваат податоци од нив.

Двата роботи би требало да направат фотографии и да ја измерат температурата на астероидот, а за во октомври е предвидено да се испрати поголем ровер.

Леталото „Хајабуса2“ е лансирано во декември 2014 година, а треба да се врати на Земјата на крајот од 2020 година.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами