Трибина на Движењето „Беса” во Кичево под мотото „За европска Македонија”

Од:

Во попладневните часови Движењето „Беса” крилото на Африм Гаши, во Кичево под мотото „За европска Македонија”, најпрвин одржа марш низ булеварот „Ослободување”, а потоа под истото мото во Домот на Кутурата “Кочо Рацин” пред членовите и сиппатизерите на ова партија одржаа и трибина.

На трибината, покрај челните луѓе на огранокот на ова партија во Кичево, беа присутни и високи функционери на партијата на централно ниво предводени од претседателот Африм Гаши.

Трибината ја отвори преседателот на огранокот на ова партија Мазлам Османи кој истакна дека економските бенифити од зачленувањето во ЕУ се непроцеливи и многу големи, но и оти со зачленувањето во НАТО одиме кон западната цивилизација.

Генералниот секретар на партијата Скендер Реџепи рече дека не верува оти има Албанец што ќе гласа против во овој референдум бидејќи, како што рече, едно „За“ на референдумот носи огромни бенифиции за целото општество.

Од друга страна, рече, едно „не“ носи уназадување и затоа, потенцира тој, треба да кажеме „да“ на европската цивилизација и напредок.

Пресрдателот на партијата Африм Гаши рече дека со влезот во ЕУ и НАТО не губиме од вредностите што ги имаме туку напротив ги зајакнуваме. Тој е убеден дека референдумот ќе успее и оти потоа и оние пратеници кои може имаат некоја резерва ќе се убедат и ќе гласаат за потребните измени на Уставот.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски