ВИДЕО: Општина Гази Баба воведува ред во хаосот во урбаните и месните заедници со избор на нови членови на советите

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски најави дека по речиси 10 години, ќе воведе ред во хаосот во урбаните и месните заедници во оваа општина.

– На 23 септевмри, во недела, во сите месни заедници од 17 до 20 часот, ќе се спроведат избори на членови на советите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Гази Баба. Со тајно гласање, ќе бидат избрани оние кои ќе треба да бидат линкот помеѓу граѓаните и општината, нишка која ја изгуби својата вредност во овие години наназад и наместо потребите на жителите, пред се беа ставани партиските потреби, но и манипулации, рече тој.

Додаде дека е редно време и месните и урбаните заедници да почнат да работат со целиот свој капацитет.

– Месните заедници повторно ги ставаме во функција за да граѓаните можат своите предлози, иницијативи, барања и критики, да ги достават до мене, со што општината ќе ја направиме транспарентен сервис на граѓаните, речењ Георгиевски и додаде дека на овој начин заедно создаваме општина отворена и услужна за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”