Започна кампањата против насилства во училиштата

Од:

Првата детска амбасада во светот Меѓаши од денеска, 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, почнува кампања против врсничкото насилство кое, како што велат од таму, за жал е сè поприсутно, особено во училиштата низ државата. Кампањата ќе се одвива и развива во текот на целата учебна година на национално ниво под слоганот „И зборовите повредуваат“, а за училиштата под слоганот „Булинг? НЕ во моето училиште“.

Во рамки на кампањата ќе бидат поделени материјали за учениците и ученичките од вклучените училишта во програмата за мировно образование при Детската амбасада со содржини кои го промовираат ненасилството и поттикнуваат на подобро меѓусебно разбирање. Дел од промотивните материјали се објавени и на албански и турски јазик, а во текот на учебната година ќе бидат објавени и на јазиците на другите етнички заедници.

Исто така, во рамки на кампањата преку целата учебна година ќе бидат одржани серија обуки за наставните кадри на тема ,,Булинг“ и како да се превенира и работи на намалување на врсничкото насилство и последиците од истото. Во рамките на училиштата ќе се одржат серија активности, работилници, форум-театри, танц-театри, дискусии на темата „Булинг“, а исто така ќе биде објавен и прирачник за наставниците. Во склоп на другите печатени материјали децата ќе имаат можност да се запознаат на повидлив начин со ЅОЅ контактите за деца и млади при Детската амбасада Меѓаши на 0800 1 2222 – бесплатна телефонска линија (само преку фиксен телефон) и на 02 2465 316 како и на [email protected] и на фесјбук-траницата https://www.facebook.com/SOSHELPLINEMEGJASHI.

Целта на кампањата е препознавање, навремено и адекватно реагирање на различни случаи на врсничко насилство.

Би можело да ве интересира

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Собираат пари од родителите, а не кажуваат како ги избрале фирмите за ужина, униформи, фотографирање на учениците

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Зелената транзиција заглави: Над 400 градинки и училишта ќе користат дрва и нафта за греење

A1on