Кривични пријави за две лица од Струга откако биле фатени со 13 пакувања марихуана

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против К.Ф.(30) и Л.Н.(32) двајцата од Струга поради основано сомнеине дека сториле кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“. На лицата им е одредена мерка притвор во времетраење до 30 дена.

На 19 септември на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид – Струга од страна на Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Охрид на влезот од село Корошишта кон село Волино сопрено е патничко моторно возило „Голф“ во кое биле двете пријавени лица. По сопирањето едно од лицата излегло од возилото и започнало да трча. Од страна на полициски службеници извршено било легитимирање на лицата и била пронајдена вреќа со 13 пакувања со наркотична дрога марихуана. Извршен е преглед кај наведените лица и со потврда за привремено одземени предмети одземени се и три мобилни телефони, две сим картички и една рамка од мобилен оператор. Со лицата е извршен разговор при што првопријавениот посочил дека марихуаната ја купил од непознато лице во Р. Албанија и истата требло да ја продаде на лице во Тетово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски