Претепаното момче во Аеродром било нападнато со умисла, има потрес на мозок и скршеници

Од:

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром се здобило со скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исекотини по глава бидејќи било удирано со пиштол, а последица на тоа бил и потрес на мозок, тврдат извори за „А1он“ кои додаваат дека 27-годишното момче од Драчево било намерно чекано на локацијата и нападот бил со умисла. Неговата девојка, која на видеото се слуша како бара помош била удрена со бокс.

„Нападот бил пред угостителски објект на улица Методија Шаторов Шарло каде повеќе лица, од кои тројца пријавителот ги познал, физички ги нападнале В.Г.(27) и М.З.(21) и двајцата од Скопје. В.Г. во еден момент изгубил свест. Потоа, заедно со М.З. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, се единствените информации во билтенот на МВР.

Од таму молчат дали напаѓачите се пронајдени и кратко одговорија „Настанот е објавен на веб сајтот на МВР“. Блиски извори до претепаното момче велат дека пет лица учествувале во крвавата тепачка, од кои тројца тој ги познавал. Истите извори тврдат дека напаѓачите се поврзани со група дилери и лихвари.

Крвавата тепачка се случи вчера околу 22 часот во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Од видеото се гледа дека како четири лица бегаат од местото со автомобили. Очевидци велат дека слушнале викање и женски глас како бара помош.

Би можело да ве интересира

Тепачка пред зградата на Меѓународниот аеродром „Скопје“

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината