Во Руанда пронајдени масовни гробници со тела на 5.400 жртви

Од:

Властите на Руанда пронајдоа масовни гробници со тела на 5.400 жртви од геноцидот во 1994 година.

Пронајдени се 26 гробници во два региони во близина на главниот град на Руанда, Кигали.

Жител на еден од регионите им ја покажал на властите местоположбата на претходно непознатите гробови.

В областа продолжува пребарувањето на уште гробови. Околу 18.000 тела беа откриени во април годинава.

Повеќе од 800.000 луѓе од племето Тутси и умерени претставници на племето Хуту беа убиени само за 100 дена во 1994 година.

Би можело да ве интересира

Херојот на филмот „Хотел Руанда“ излезе од затвор

Британски суд: Законска е депортацијата на мигрантите во Руанда

А1он

Конго: Ако Руанда сака војна, ќе ја добие

А1он

Франција ја отвора архивата за периодот на геноцидот во Руанда

Ана Ололовска

Франција одговорна, но не е соучесник во геноцидот во Руанда

Во Париз уапсен бизнисменот кој го финансираше геноцидот во Руанда

А1он