Мицотакис на Мас му потврдил дека Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа

Од:

Позициите на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа и ставот дека партијата нема да гласа за ратификацијата кога Договорот ќе дојде во грчкиот парламент, му ги пренел Кирјакос Мицотакис на министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, соопштуваат од Нова демократија.

Мас се сретна со Мицотакис кусо откако имаше средба со шефот на грчката дипломатија во рамките на неговата посета на Грција.

– Господинот Мицотакис ги повтори позициите на Нова демократија, ставајќи го акцентот на трите елементи име-јазик-националност и потврди дека Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа кога и да дојде во парламентот, соопштуваат од Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Мицотакис ја повикува Сиљановска-Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми со Грција и со Европа

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска