Фанови на Челзи претепани во Солун

Од:

Двајца навивачи на Челзи се повредени во Солун по напад на приврзаниците на ПАОК пред натпреварот на двата тима во Лигата на Европа.

Двајца англиски државјани биле претепани во центарот на градот рано изутрина, но и покрај доаѓањето на брза помош, тие одбиле да одат во болница, соопшти грчката полиција. Напаѓачите брзо избегале од местото на настанот, а Англичаните не сакале да поднесат обвинение.

Минатиот месец, еден навивач на Барнли беше прободен со нож, а четворица беа претепани во меч од квалификациите за Лигата на Европа против Олимпијакос. Натпреварот од групата „Л“ во Лигата на Европа помеѓу ПАОК и Челзи се игра од 18.55 часот на стадионот „Тумба“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната