Во Велес отворен Дневен центар за деца со попреченост во развој

Од:

Дневен центар во кој ќе бидат сместени деца со попреченост во развој до 18 години, а сега не се згрижени ниту во градинка ниту во училиште беше отворен денеска во Велес.

Со овие деца ќе работат една медицинска сестра и еден дефектолог.

Како што појасни за медиумите Азиза Џини директор на Центарот за социјална работа моментално се згрижени шест деца.

– Отворањето на овој Центар е голема поволност и за родителите на овие деца бидејќи ние им ги преземаме и им пружаме нега, грижа, како и храна, а тие во тоа време ќе можат да одат и на работа. Воедно за децата е обезбеден и бесплатен превоз од дома до центарот. Тој ќе работи секој работен ден од 8 до 15 часот, а родителите ќе ги носат децата кога им одговара, појасни директорката Џини.

Таа информира дека овој Дневен центар ги опфаќа општините Велес, Градско и Чашка. Првично во него се згрижени само деца од Велес, а ќе бидат опфатени и деца од места, но како што појасни Џини, за тоа треба да се обезбеди дополнителен превоз.

На отворањето на дневниот центар присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која потсети дека овој простор како Дневен центар за деца со оштетен вид долго време биле нефункционален, немал обезбедено кадар и затоа никогаш и не профункционирал како таков.

– Ние како што посветено работиме на сите аспекти од социјална заштита, така работиме и на овој аспект на создавање на социјални услуги на локално ниво, затоа што само така квалитетот на живеење може да се подигне и навистина може да се создаде една можност за инклузија на овие деца коишто во моментов не се вклучени ниту во градинка, ниту во училиште, рече Царовска.

Воедно, додава, ако се создадат капацитети и можности интенцијата е тие да се вклучат, како и сите деца во градинка и училиште, но, како што потенцира, ваков тип центри се потребни и заради помош на родителите, но и заради развоји раст на овие дечиња.

– Тие навистина имаат потреба од стимулација, која треба да е стручна, а не секогаш може да им ја обезбедат нивните семејства, потенцира министерката Царовска.

Таа очекува Центарот да ги даде соодветните резултати, како и соработката со родителите кои како што потенцира министерката Царовска, се многу важни во овие процеси. Воедно се заблагодари и на општина Велес која е вклучена во овој процес. Вклучувањето на општините е многу важно, бидејќи, како што рече, заради препознавање на проблемите на граѓаните и развој на социјални услуги.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ