Штип подготвен за манифестацијата „Пастрамајлијада“

Од:

Почна поставувањето на бината и штандовите за угостителските објекти, кои ќе бидат дел од 12. издание на манифестацијата „Пастрамајлијада“.

Советникот за јавни дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов денеска изјави дека од утре градот ќе понуди вистинска програма и забава за сите посетители.

– Програмата утре во 20 часот ќе ја отвори Кристина Арнаудова со нејзина едночасовна програма, а во 21 часот е свеченото отворање на „Пастрамајлијадата“ и со сечењето на џиновската пастрамајлија. Тоа е традиција, којашто секоја година ја правиме со тоа што џиновската пастрамајлија единствено може да ја направи фирмата „Макпромет“, а ја прави и оваа година. Ќе се обрати и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, истакна Панајотов.

Утревечер ги настапат и Трио Влатко Стефановски, Дани и белградската група „Ванг Гог“. Во сабота на сцената ќе настапат познати македонски ѕвезди кои потекнуваат од Штип, а како главна ѕвезда на вечерта е Северина.

Манифестација завршува во недела, а градот, како што изјави Панајотов, е подготвен да прими голем број гости од земјава и странство.

Организирани се јавните претпријатија и полициската станица во Штип кои ќе бидат надлежни за сообраќајот во градот и местата за паркирање на возилата. Се упатува апел до граѓаните на Штип да не ги користат возилата за да не се создава метеж на улиците. Цената на штипската пастрамајлија на штандовите ќе изнесува 120 денари.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“