Во Струмица згрижени 50 деца во целодневен престој

Од:

Педесет деца на возраст од шест до десет години од четири основни училишта од понеделник се згрижени во целодневен престој во посебна просторија во „Клон 2“ во Детската градинка „Детска радост“ во Струмица.

Децата денес ги посети градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Тој истакна дека овој проект бил дел од неговите предизборни ветувања.

– Го вративме целодневниот престој на децата-ученици во основните училишта во општината и убеден сум дека во наредниот период ќе го решиме проблемот со просторот и што поголем број деца ќе бидат вклучени во целодневниот престој, каде што ќе можат да учат и да се дружат во присуство на стручен кадар, изјави градоначалникот Јаневски.

Со учениците во целодневниот престој работат двајца воспитувачи од одделенска настава.

Децата имаат обезбеден превоз од и до училиштата, а добиваат појадок и ручек.

Цената за користење на целодневен престој за еден месец е 1.500 денари.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ