Тевдовски: Инвестициите во Албанија и Бугарија забележаа сериозен раст откако земјите влегоа во НАТО

Од:

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска е во посета на Куманово, каде што имаше средба со граѓани и со градоначалникот Максим Димитриевски.

Како што информираат од Министерството за финансии, Тевдовски на средбите порачал дека со влезот во ЕУ Македонија ќе има пристап кон посериозни фондови за подобрување на инфраструктурата, но и дека Куманово веќе ги има почувствувано придобивките од европската помош.

„Во Куманово се инвестирани 4,3 милиони евра за рехабилитација на канализациската мрежа. На годишно ниво ЕУ инвестира во Македонија над 90 милиони евра неповратни средства“, потенцира Тевдовски.

Министерот оствари средба и со стопанственици од Куманово со цел да ги слушне проблемите, но и предлозите за подобрување на нивната работа. Стопанствениците изразиле верување дека со влезот во НАТО и ЕУ, ќе се зголеми конкуретноста на македонските компании, а со тоа и извозот.

Примерите на земјите кои станале членки покажуваат сериозен раст на инвестициите по влезот во НАТО, рече Тевдовски, а како пример ги посочи Албанија и Бугарија.

„Во Бугарија, пет години пред да стане членка во НАТО, странските директни инвестиции како процент од БДП изнесувале 7%, додека пет години од влезот во НАТО истите пораснале на 19,7% годишно. Растот на БДП во истиот период се зголемил од 3,9 на 6,8% годишно. Во примерот на Албанија, странските инвестиции растат речиси двојно по влезот во НАТО, и покрај тоа што ова се случува во период на глобалната финансиска криза. Според податоците, СДИ во Албанија пет години пред влезот во НАТО изнесувале 5,5% како процент од БДП. Пет години по влезот во НАТО растат на 9,1%“, истакна министерот пред стопанствениците.

Би можело да ве интересира

Идната недела ќе се знае дали имало пропусти при породувањето на кумановката, новороденчето се уште на респиратор

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони