Навреди и расправии на седницата на Мешовитиот парламентарен комитет

Од:

Во Собранието на РМ вчера со бурен старт започна седницата на мешовитиот парламентарен комитет.

Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката од грчката партија, Нова Демократија, Марија Спираки која од говорницата истакна дека таа никогаш нема да го признае постоењето на македонската нација и македонскиот јазик.

На оваа изјава не остана рамнодушен копретседателот на комитетот, пратеникот Горан Милевски од ЛДП кој и возврати дека не се наоѓаме во 1918 година.

– Првата светска војна заврши пред 100 години сега сме 2018 година поделбите, негирањата се завршени. Јас сум Македонец и стојам пред вас не сум фикција, зборувам македонски јазик, не кинески. Прифатете ја реалноста подобро е за вас, рече Милевски.

Кавгите продолжија и помеѓу претставниците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Пратениците Антонио Милошоски и Зоран Илиоски обвинија за притисок врз јавната администрација во пресрет на референдумот, како и корупција на владата на што Жаклина Лазаревска им возврати дека манипулираат и изнесуваат невистини.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има