Москва ги поздрави резултатите од средбата Ким-Мун

Од:

Русија денеска ги поздрави резултаите од средбата во Пјонгјанг меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и го повика Вашингтон да преземе соодветни чекори во врска со одлуките на Северна Кореја да уништи полигон за ракетни проби и својата главна нуклеарна постројка.

– Го поздавуваме договореното на преговорите меѓу лидерите на Северна и Јужна Кореја во Пјонгјанг. Во заедничката Декларација од Пјонгјанг, усвоена по меѓукорејската средба, двете земји ги потврдуваат своите заложби за претворање на Корејскиот Полуостров во зона на мирот и се согласуваат да ја зајакнат соработката во политичката, воената, економската и хуманитарната сфера. се нагласува со соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

Во текстот се нагласува дека Русија од секогаш се залагала за зајакнување и придвижување на меѓуккорејскиот дијалог и се повикуваат „сите заинтересирани држави да вложат напори за што поскоро и целосно решавање на нуклеарниот и другите проблеми на Корејскиот Полуостров“.

Руското Минситерство ги повикува САД како одговор на најавените отстапки на Пјонгјанг да преземат конструктивни чекори во согласност со заложбите од сребата на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким на 12 јуни во Сингапур.

Истовремено, во соопштенотпо се посочува дека нема никави докази за обвинувањата на САД дека Русија ги крши сакциите на ОН кон Пјонгјанг, со тоа што наводно овозможува бродски трансфери на стоки за кои е воведена забрана за извоз во Северна Кореја, меѓу кои и нафта и јаглен.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он