Робертсон: Одлуката е во македонскиот народ – сега или никогаш

Од:

Би било погрешно да ви кажам како да гласате, но гласањето во овој момент е најголем императив и во таа смисла ќе посочам на една изрека која гласи „ако не гласаш, тогаш немаш право на мислење“, рече поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон на вечерашната трибина со битолчани.

Лорд Робертсон порача дека одлуката е во рацете на македонскиот народ, и таа треба да се искористи, сега или никогаш.

– Важно е секој да гласа, да ги убедите сите. Вашите соседи да излезат и да гласаат на 30 септември. Кога бев генерален секретар на НАТО јас бев принуден вашата држава да ја нарекувам ФИРОМ, но тоа беше погрешно. Тоа засекогаш може да се промени на 30 септември. Договорот со Грција го гарантира идентитетот, културата, јазикот и ја отвора вратата кон Европа. Одлуката е во ваши раце, сега или никогаш, рече Робертсон.

Поранешниот генерален секретар на НАТО и лидер на неформалната „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО нагласи дека говорот на македонски јазик на премиерот Заев во Европскиот Парламент ќе се повтори и по 30 септември.

– Што е понудено како алтернатива на Договорот? Ништо! Со Договорот се гарантира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. За младите е подобро Европа да дојде тука, отколку младите да одат низ Европа. Државите кои се дел од ЕУ и НАТО се напредни и развиени, и затоа сите сте пред историски чекор кој мора да го направите. Оваа шанса на Македонија е шанса за новите генерации. Го слушав македонскиот премиер Зоран Заев како на македонски јазик зборуваше во Европскиот Парламент. Тоа беше историски момент, но после 30 септември тој момент ќе се повтори и ќе се повторува, рече Робертсон.

Порака до младите битолчани упати и македонскиот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

– Младите во Македонија се за европска Македонија и тие веќе го формираа својот став бидејќи не сакаат Македонија да биде енклава и повлечена од глобалниот свет. Младите треба, и ќе бидат генераторот на позитивните промени во Република Македонија. Младите се најкосмополитската генерација, која кога било живеела во оваа држава, младите секогаш биле генератор на позитивни промени насекаде во светот и така ќе биде овој пат, посочи Пендаровски.

Повик за масовно учество и гласање на претстојниот референдум упати и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

– Оваа учебна година имаме 200 првачиња помалку од минатата година, а бројката се намалува. Зошто? Затоа што младите родители ја напуштаат државата. Ова мора да престане. А, дали и понатаму ќе заминуваат од државата ќе зависи од нашата мудрост на 30 септември. Сега е шансата. Кога веќе ја имаме пријателската рака од целиот свет, тогаш да ја прифатиме пријателски подадената рака и да бидеме дел од европското семејство, истакна Петровска.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски