Педесет евра – толку чини лабараториското испитување на гинеколошките бактерии и брисеви со сини картони со новото пресметување на партиципација. Поради прескапата доплата се повеќе од трудниците се откажуваат од редовните прегледи за следење на бременоста. Гинеколозите предупредуваат, со вакви цени се ризикува да се зголемат спонтаните абортуси и предвремени пораѓања.
Редовните прегледи се значајни за откривање на тешките аномалии и инфекции кај бебињата, но се повеќе, идните мајки се откажуваат од ваквиот вид на испитувања, бидејќи немаат средства да ја платат партиципацијата.
Гинеколозите, со кој контактираше А1 он, велат дека се повеќе од жените на кои има биле земани брисови, кога ќе појдат и кога ќе ја дознаат цената, не се враќаат со резултатите од микробиолошките испитувања. Вака ризикуваат да не откриат дека имаат бактерии во организмот, кој ако не се третираат, бебeто може да се роди со тешки аномалии.
„Сега на нас ни бараат три илјади, така мора да си платиме. Доаѓаме од друг град, се си плативме и превоз и се.
– Многу е поскапено, бараат претерано пари“, велат граѓаните.
Бактериолошките испитувања сега се и повеќе од три илјади денари, вие можете да си дозволите да ги дадете тие пари?
„Од каде ќе најдам јас толку пари, немаме од каде, народот е без работа, јас без работа, пет члена, сите без работа, а овие бараат пари.
– Во однос на стандардот е малку по, ама може, за здравје не се прашува колку пари е“, додаваат граѓаните.
Со протколите кои ги препиша Министерството за здравство трудниците кои чекаат прво дете мора да направат 10 гинеколошки прегледи, додека второротките кај матичниот лекар мора да појдат седум до осум пати пред да се породат.
Во текот на бременоста треба да се направат најмалку три гинеколошки бактериски брисеви, а и крвната слика треба да се проверува секој месец.
Според новите протоколи, три пати во бременоста треба да се направат и контроли за жолтица, за сифилис и за руберолa. За една трудница да ги направи сите овие испитувања ќе треба да одвои од својот буџет и повеќе од 100 евра, сума која повеќето од македонските семејства не можат да си ја дозволат.
Христена Антовска Јованчева