Само двајца уставни судии против, референдум ќе има

Од:

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот. Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.

„Судот не изрази сомнеж за неуставноста и незаконитоста на оспорената одлука“, официјално велат од судот.

За Елена Гошева одлуката за референдум е неуставна и предложи да се стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка. Таа е судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот, поднесена од Левица и Светскиот македонски конгрес.

Мнозинството од судиите не се согласуваат со неа.

Според уставниот судија Дарко Костадиновски, прашањето не е двосмислено и нејасно. „Предлагачот, односно Собранието, сака да ги консултира граѓаните. Трите прашања срочени во едно имаат причинско-последични врски. Тоа не ги доведува во заблуда граѓаните. А дали бил надлежен Димитров, не е тема на денешната иницијатива и расправа“, рече Костадиновски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска