Воениот договор меѓу Северна и Јужна Кореја кој е потпишан денеска на маргините на самитот меѓу лидерите Мун Џае-ин и Ким Џонг – ун значи крај на корејската војна 1950 -1953 година, соопшти портпаролот на јужнокорејскиот претседател Јон Јунг-чан.
– Овој договор е всушност прогласување крај на војната и придвижување на мировен процес, истакна тој.
Во документот стои дека страните се договориле да прекинат со воени летови и артилериски оган во пограничните региони. Освен тоа одлуката предвидува Северна и Јужна Кореја до крајот на годината да расформираат 11 воени гранични пунктови.