За Гошева одлуката за референдум е неуставна, предлага Уставниот суд да поведе постапка

Од:

За Елена Гошева одлуката за референдум е неуставна, предлага да стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка.

Таа е судија известител за иницијативата за оценувње на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот, поднесена од Левица и Светскиот македонски конгрес.

Според Гошева одлуката не содржи 4 од 7 елементи за референдум, а прашањето е двосмислено и збунувачко.

„Од анализите ценам дека има посебни правни недостатоци што е спротивно на Уставот. Во одлуката не е наведен целиот назив на Спогодбата со Грција, прашањето не е прецизно, збунувачко е, погрешно и нејасно. Треба да се посебни три прашања, не се содржани сите елементи, Договорот е неуставен, а министерството нема мандат да склучува вакви договори“, образложи Гошева.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушкуваните материјали

Ана Ололовска

Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Ана Ололовска