Од денеска „Звуците на културата“ во Ѓорче Петров

Од:

Во општина Ѓорче Петров од денеска по до недела првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“, на која ќе настапат многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер артисти.

Покрај активностите на главната бина, информираат од Општината, ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и филмски проекции. Во недела ќе биде прикажан и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.

Манифестацијата ќе се одржува во реонскиот парк во Ѓорче Петров, а програмата секој ден ќе почнува во 17:30 часот и ќе трае се до доцните вечерни часови.

Меѓудругите ќе настапат и Летечки пекинезери, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, Токсиколози, Бени и Нон Стоп, Куку Леле, Тони Зен, Ласт Експедишн, Мугер Фугер, мјузиклот Коштана, ПМГ Колектив, Милко,…

Би можело да ве интересира

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска