Движењето Беса ги повикува граѓаните да се ангажираат за успех на референдумот

Од:

Движењето БЕСА денеска информираше за активностите во текот на овие денови од кампањата во врска со референдумот и впечатоците од средбите со граѓаните.

„Од остварените посети во некои од општините, амбиентот и пораките од граѓаните се дека Македонија во НАТО и ЕУ е процес без дилема, дека не постои елемент на двоумење и дека Албанците ќе го потврдат тоа што декларативно го изнесовме неколку пати дека единствената алтернатива за земјата е интегрирањето во НАТО и ЕУ. Исто така, успеавме да мобилизираме многу граѓани кои и покрај јасното произнесување за НАТО и ЕУ беа иритирани од некои политички субјекти кои сакајќи да ги присвојат заслугите од овој историски момент, забораваат дека во делови на нивната активност биле на штета на граѓаните и тие самите биле партнер на структурите кои и ден денес работат референдумот да биде неуспешен“ се вели во соопштението на Беса.

Тие ги повикуваат сите граѓани дасе ангажираат за целосен успех на референдумот, бидејќи, како што пишува во соопштението, народот заслужува историски промени, кои ќе ја зачленат Македонија во НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски