Самоопределување повика на протест „за одбрана на Косово од Хашим Тачи“

Од:

Лидерот на косовското опозициско Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти денеска ги повика граѓаните на Косово, политичките партии и граѓанските организации на протест што во организација на неговата партија ќе се одржи 29 септември во Приштина, со цел „да се запре пазарењето со границите на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на денешната прес-конференција порача дека протестот се организира со цел „Косово да се одбрани од (претседателот) Хашим Тачи“ и дека народот на Косово со тоа ќе покаже дека „не се потчинува на еден човек“.

Според лидерот на ВВ, како резултат на дејствијата на Тачи во правец на поделбата на Косово и размена на територии со Србија, ситуацијата во земјата е мошне тешка и затоа тој мора да биде запрен.

– Политичката ситуација во Косово е мошне тешка, особено поради дејствијата на претседателот Хашим Тачи и неговите преговори со српскиот колега (Александар Вучиќ), без мандат од Собранието, без принципи за дијалогот и без сеопфатен тим за преговори. Оваа лична авантура на претседателот на Косово мора да се запре. Овој претседател нема ниту легитимитет, ниту надлежности, ниту кредибилитет, изјави Курти.

Лидерот на опозициската ВВ се заложи и за вонредни избори, со оглед дека, како што рече, социо-економската ситуација во Косово е тешка, затоа што „нема никаков прогрес поради лошото владеење на премиерот Рамуш Харадинај“.

Поради овие причини, Курти повика на протест на 29 септември на приштинскиот плоштад, порачувајќи дека „плоштадот е институција во Републиката, затоа граѓаните треба да го изразат своето незадоволство со тоа што ќе излезат таму и ќе протестираат мирно“.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина