Бен Афлек ја освои наградата од здружението на режисери

Од:

Актерот и режисер Бен Афлек ја доби наградата на Здружението на американските филмски режисери (DGA) за најдобра режија за неговото остварување „Argo“ што е уште едно во серијата освоени признанија за овој филм.

Признанието од американското Здружение на филмски режисери, кое вчера му е доделено на Афлек, е пропуст за академијата за филмска уметност и наука, која не го номинираше актерот и режисер во категоријата за најдобар режисер.

Од 1948 година, во само шест случаи, добитникот на наградата на DGA не го освоил оскарот за најдобар режисер.

„Немам ништо да кажам, само дека ја почитувам академијата“ рече Афлек откако му беше доделена наградата. Оваа награда му ја предаде минатогодишниот победник Французинот Мишел Азанавициус, чиј филм „Актер“ освои пет Оскари.

„Не мислам дека оваа награда ме прави вистински режисер, но значи дека сум на пат тоа да станам“, изјави Афлек кому ова му е само трет филм како режисер.

Доделување на DGA наградите, често е добар показател за добитниците на Оскар, бидејќи некои членови на здружението на директори се и членови на академијата. Наградата Оскар за најдобар филм, исто така често оди во рацете на добитникот наградата DGA.

Дејството на филмот „Арго“, зборува за извлекувањето на шест американски дипломати од Иран за време на заложничката криза во таа земја 1979. Филмот неодамна освои два најзначајни Златни глобуса – за најдобар филм и најдобра режија, а кон крајот на јануари, ја освои наградата на американското Здружение на филмските продуценти.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ