Audi e-tron е првиот целосно електричен модел од брендот Audi кој влегува во производство. Компанијата пред светот го претстави својот нов спортски, електричен SUV во Сан Франциско.
Со експресивен дизајн, на новиот e-tron се истакнува електричната табла, Singleframe деталите и инфикаторите за високонапонската технологија која овозможува специјално и уникатно возачко искуство.
Електричниот SUV е напојуван од два моќни елекрични мотори кои се CO2 неутрални и потполно безшумни.
Новата генерација на Quattro погонот на четири тркала обезбедува одлична влечна сила и динамика, обезбедувајќи континуирана распределба на погонот помеѓу оските во дел од секунда.
Клучен фактор за спортскиот карактер и извонредната динамика на возење е ниската и централната позиција на која е инсталиран батерискиот систем со што е постигната идеална распределба на тежината и ниска тежишна точка.
Тоа му дава на возилото опсег кој е погоден за возење на долги растојанија. Audi e-tron ја обновува енергијата исклучиво преку своите електрични мотори.
Електричниот SUV го достигнува својот максимален потенцијал за обновување на енергија во комбинација со интегрираниот електро-хидрауличен систем за контрола на сопирачките.
Audi е првиот производител на автомобили во светот кој користи таков систем во сериско производство на возило со електричен погон.
Умно дизајнираната аеродинамика, исто така, значително придонесува за неговата ефикасност.
Еден белег на овој концепт се опционалните виртуелни надворешни огледала – за прв пат во светот достапни во серискиот модел на производство.
Не само што го намалуваат аеродинамичниот отпор, туку и достигнува дигитализацијата во возилото на сосема ново ниво.
Audi e-tron нуди просторност и удобност на еден од типичните SUV модели на брендот.
Во комбинација со висококвалитетни материјали и извонредна изработка, електричната мобилност дава премиум искуство.
Ова е исто така обезбедено со сеопфатен и сигурен опсег на опции за полнење со интелигентни решенија за дома и во движење.
Од навигацијата со планерот на маршрути за е-тронот, која ја прикажува соодветната рута со потребните точки за полнење, автоматската наплатна станицата за полнење, до далечинскиот управувач преку паметен телефон – Audi e-tron е исклучително добро поврзан.
Тој е опремен со високо-развиениот инфо забавен систем MMI навигација плус вклучително и LTE Advanced и Wi-Fi Hotspot.
Бројни системи за помош дополнително го ослободуваат возачот.
На пример, стандардниот систем за асистирање промовира економски стил на возење со прикажување на предвидливи информации и вршење автоматска рекуперација.
Ако купувачот ја одбере адаптивната помош за тн. едрење, системот исто така може предвидливо да го сопира и забрза електричниот SUV.