Меѓународната гимназија „Нова“ во Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска потпишаа меморандум за соработка кој ќе резултира со дополнителна едукација на средношколците која ќе ја водат стручни лица од КХВ. За проширување на нивните знаења во оваа сфера, во „Нова“ ќе биде воведен предметот Пазар на хартии од вредност.
– Нашата главна заложба е да им понудиме на учениците разновидност, проширување на видиците и едукација која ќе ги направи поподготвени за предизвиците во животот. Чест и задоволство е што денеска потпишуваме меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност и се надеваме дека покрај воведувањето на овој предмет, нашата колаборација ќе продолжи да се шири и развива и во иднина, соопшти „Нова“.