Калифорнискиот Универзитет Беркли работи на т.н. „смарт-завеси“, кои ќе можат да го намалат трошењето на електрична енергија на половина. Проектот се заснова на нанотехнологија која овозможува завесите да реагираат на светлина, по што автоматски се затвораат, на пример во лето, кога сончевите зраци се најсилни.
„Паметните“ завеси работат без батерии и без електрична енргија, што може да значи и огромна заштеда. Освен тоа, тие функционираат самостојно, и без системски софтвер. Нанотроните, коишто се наоѓаат на површината на завесата, ги апсорбираат светлината и топлината и тоа ја блокира топлината целата да навлезе низ прозорецот.
Познавачите сметаат дека сево ова може да ги намали сметките за климатизација на просториите дури 50 отсто.