Гаши во липковско повика на масовно излегување за поддршка на референдумот

Од:

Претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, продолжува со интензивните средби на терен со граѓани и активисти за масовно излегување за поддршка на референдумот на 30 септември.

После големиот марш и митингот во Куманово, после интензивните средби во Врапчиште, централниот собир во Гостивар, и после успешните маршеви во Охрид, Струга и собирот во Лабуништа, Движењето БЕСА вчера маршираше по липковските села.

Вчерашниот марш започна во село Матејче, поминувајќи низ селата на Општина Липково и заврши во село Опае, каде се одржа собир со граѓаните, активистите и симпатизерите на Движењето БЕСА.

На оваа средба присутните ги поздравија генералниот секретар на Движењето БЕСА, Скеднер Реџепи – Зејд, министерот за култура, Асаф Адеми, и претседателот Африм Гаши кои беа едногласни дека земјата се наоѓа во еден историскиот момент кога од сите граѓани се очекува одлучност и поддршка за евроатлантската перспектива на земјата.

Гаши напомена дека земјата во моментот се наоѓа пред многу важен историски крстопат и појасни дека „ДА“ на референдумот значи имплементација на Преспанскиот договор, „ДА“ подразбира сигурност, благосостојба, стабилност и нови инвестиции.

На крај претседателот Африм Гаши порача: Не заборавајте, Албанците историски се ориентирани кон НАТО и ЕУ и јас цврсто верувам дека на 30 септември сите заедно, пријатели, семејства, и поддржувачи на оваа кауза масовно ќе излеземе да и кажеме ДА на НАТО и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски