Грчките медиуми за посетата на Матис на Скопје

Од:

За американската поддршка на референдумот и на Договорот од Преспа, но и за тврдењата за руско влијание во Македонија, пишуваат грчките медиуми по вчерашната посета на американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис и средбите со македонскиот државен врв.

Грчката новинска агенција АНА-МПА во текстот под наслов „Поддршката на САД за Договорот од Преспа ја изрази американскиот министер за одбрана Матис“, ги пренесува ставовите и пораките на Матис во Скопје.

– Осврнувајќи се на референдумот што ќе се одржи во ПЈРМ на 30 септември, господинот Матиси истакна дека граѓаните на земјата имаат една единствена можност да го искористат референдумот и ги повика масовно да излезат на гласање, пишува АНА-МПА, во текстот преземен од онлајн изданијата на грчките медиуми.

Грчката новинска агенција коментира дека посетата на Матис на Скопје е „во рамките на посетите на лидерите и високи претставници на странски земји со цел поддршка на Договорот од Преспа и претстојниот референдум“.

– На учество во претстојниот референдум за ратификација на Договорот од Преспа, одбирајќи „за“, повика од Скопје, министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, обвинувајќи за руски обид за вмешување со fake news, пишува весникот „Ефимерида тон синдактон“.

Носејќи предупредувања за руска вмешаност во референдумот на 30 септември, во понеделникот, во Скопје, пристигна американскиот министер за одбрана Матис, за да поддржи глас за Договорот од Преспа, пишува сервисот на „Euronews“ на грчки јазик.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека нема докази за руско влијание во Македонија.

Карактеризирајќи ја Русија „пријател на Македонија“, како што пишува „Катимерини“, премиерот Заев не покажа дека ги дели американските и НАТО обвинувањата за руска вмешаност во референдумскиот процес.

– Без никакво споменување на обвинувањата за вмешаност на Русија во референдумот во ПЈРМ, по предупредувањата од Матис и одговорот од Заев, заврши прес-конференцијата на скопскиот премиер со американскиот министер за одбрана во рамките на неговата посета на Скопје, објави информативниот портал „Ин“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната