(ВИДЕО) Атанасов: Членството во ЕУ и НАТО ќе значи поквалитетно образование

Од:

Членството во Европската унија и НАТО за младите во Република Македонија значи поквалитетно образование, подобар образовен систем, можност за студирање на најдобрите универзитети во Европа, пристап до европските образовни и младниски програми. Сето тоа, значи, подобро платени работни места и подобар живот, порача заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов.

– Сите се залагаме за поквалитетно образование. Со нашиот европски пат ќе добиеме поголем пристап до европските образовни младински програми и можност за студирање на најдобрите универзитети. Истовремено, ќе ги надградиме нашите образовни стандарди преку европските проекти, Еразмус плус и други. Ќе изградиме подобар образовен систем, а нашата крајна цел е европско образование, овде во Македонија. На 30-ти септември бараме поддршка од сите млади, поквалитетно образование ќе значи подобро платени работни места и подобар живот, изјави Атанасов.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната