Охридските советници одобрија поделба на МЈП „Проаква“, отворен пат државата да ја преземе грижата за колекторот

Од:

Советот на Општина Охрид на денешната седница едногласно го усвои делбениот биланс на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, преку издвојување и формирање два одделни субјекти и тоа „Проаква“ – Струга и „Водовод“ – Охрид.

Планот за поделба на „Проаква“ беше усвоен и од струшките советници, како и од Управниот одбор на МЈП, така што следен чекор е истиот да биде усвоен од страна на Владата. Тоа ќе значи отварање на пат за решавање на горливиот проблем околу ингеренциите во стопанисувањето на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро .

– Целокупните побарувања и обврски на двете работни единици во однос на колекторот ќе ги преземе државата во рамки на новото претпријатие кое би се формирало. Доколку Владата не го прифати преземањето на сите побарувања и обврски, планот се враќа кај нас на повторно разгледување да одлучиме дали го прифаќаме нивното предлог решение. Но, мислам дека тоа нема да се случи и конечно ќе го имаме овој делбен биланс, изјави градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски по седницата.

Предвидено е сите побарувања и обврски на „Водовод“ – Струга и „Водовод“ – Охрид да ги преземе државата преку ново претпријатие што ќе стопанисува со колекторскиот систем. Двете единици ќе стартуваат со основни средства со кои располагаат наведени во делбениот биланс.

-Со усвојувањето на предложениот делбен биланс од страна на Владата ќе следи фаза на консолидација што е исто така сложен процес, додаде Стојаноски потенцирајќи дека планот за консолидација не значи отпуштање на вработени односно дека тие остануваат на истите работни позиции.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство