Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан денот на Вториот механизиран пешадиски баталјон

Од:

Во штипската касарна „Јане Сандански“ денеска свечено беше одбележан Денот на Вториот механизиран пешадиски баталјон.

Командантот на касарната „Јане Сандански“, потполковник Горан Петрушевски во своето обраќање рече дека на денешен ден пред 74 години во селото Митрашинци во општината Берово е формирана 14 Македонска младинска ударна бригада „Димитар Влахов“, а припадниците на Вториот механизиран пешадиски баталјон ги продолжуваат традициите токму на таа славна бригада.

– Денеска Вториот механизирана пешадиски баталјон претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен и извежбан за завршување на борбени задачи во сите временски и теренски услови и во согласност со стандардите на земјите на НАТО, вели Петрушевски.

По повод одбележувањето на Денот на Вториот механизиран пешадиски баталјон присутни беа и градоначалници од источниот регион, претставници на Сојузот на борците на Македонија и на државни и локални институции.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип