(ВИДЕО) Јаревски: СДСМ да се откаже од намерата на секоја барака да може да никне 8-катница

Од:

„На денешната седница на советот на Општина Карпош советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара повлекување на првата точка од дневниот ред со која се носи Одлука за укинување на претходната Одлука за усогласување на максимумот на станбени единици за објекти со намена Домување во станбени куќи, бараме повлекување на оваа точка се до донесувањето на новите ДУП-ви согласно законските нормативи и нивните решенија.

Со овој предлог и поништување на одлуката ќе значи градежен хаос со кој од секоја барака или ниска градба ќе никне зграда со 8 станбени единици“, рече Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

„Граѓани на Карпош, доколку не го прифатат нашето барање следи уништување на населбите во Карпош какви што ги знаеме, граѓаните ќе доживеат кошмар, а градежната мафија остварување на својот сон, цели и интереси.

По укинувањето на оваа одлука ќе гради кој ќе стигне и каде ќе стигне, а тоа ќе значи и дополнително загаден воздух, намалено и уништено зеленило, повеќе возила, намален притисок на вода, раскопани и пропаднати улици, затнати канализации итн.

И зошто сето ова, верувале или не, доколку го погледнете официјалното образложение во предлог одлуката ќе видите дека е наведена причина бидејќи бил намален комодитетот на службите во општината.

Одлуката која што СДСМ сака да ја поништи беше донесена со консензус од сите политички партии во претходниот советнички состав на Општина Карпош.

Драги сограѓани, Советот и Градоначалникот на Општина Карпош мора да разберат дека ние сме тука сите заедно за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на Карпош, а не за подобрување на комодитетот на службите и исполнување на желбите и интересите на градежната мафија“, изјави Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот