(ВИДЕО) Стоилковски: Што е непријатното што го крие Заев околу промената на Уставот?

Од:

„Зоран Заев продолжува со своите постапки да го понижува Македонецот, го смета за недоветен сам да процени, па и уште вели нема да кажам што ќе менувам во Уставот, непријатно ќе биде, ќе влијае на референдумот!

Зоране Заев, Македонецот мора да знае за што го бараш неговото присуство на референдум? Зоране Заев, Македонецот мора да знае што подготвуваш преку промена на Уставот, како ќе го избришеш неговото минато, неговите лични документи, неговото наследство.

Зоране Заев, немој да се криеш од Македонецот и да криеш од него што планираш преку уставните измени Македонија да ја претвориш во вештачка држава со вештачка нација, без историја без традиција, нација без корен и нација без сонародници во соседството. Затоа што тоа се уставните измени, преку измените во Преамбулата членот 3 и членот 49 или што уште се наведуваш“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев неброен број пати го навреди Македонецот. Лажеше дека нема промена на Устав, па лажеше дека тоа е само за предлогот Илинденска, сега бесрамно признава дека нема поддршка кај народот и тргна во отворен поткуп, за сега да не кажува ШТО и КАКО ќе се менува, затоа што тоа ќе било непријатно и ќе ВЛИЈАЕЛО врз излезеноста на нему потребниот референдум. Како да неговиот маркетинг не влијае врз излезеноста и не бара да биде поголема.

Па Зоране Заев еднаш биди маж, кажи што тоа непријатно подготвуваш што се плашиш дека дополнително ќе ти ја намали поддршката?

Доста го потценуваш и омаловажуваш македонскиот народ. Ти не си државата, ти не си Република Македонија. Македонскиот народ е суверенот на Република Македонија.

Зоране Заев, кукавица си да излезеш на мегдан со Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на опозицијата. Кукавица си да ја кажеш вистината пред граѓаните. Само кукавиците не можат да се соочат со вистината, а ниту со правдата, по цена и на дедовината и на децата и на воздухот. Зоране Заев со овој срам кој што го нанесуваш на Република Македонија ќе треба да продолжиш да живееш меѓу Македонците меѓу своето семејство, меѓу својот народ. Биди еднаш достоинствен, соочи се со вистината“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања