Димитров-Сарацин: Поддршка од Бундестагот за интеграцијата во ЕУ и НАТО

Од:

Мануел Сарацин, пратеник од редовите на Зелените и член на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг денеска на средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, ја потврдил поддршката од германскиот Бундестаг за напорите на државата и реформските процеси потребни за интеграција во ЕУ и членство во НАТО.

Сарацин ставил акцент на важноста од искористување на историската шанса и, преку успешен исход на референдумот и имплементација на Договорот од Преспа, обезбедување на евроатланската иднина на земјата и нејзините граѓани, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Министерот Димитров изразил благодарност за целокупниот активен придонес и силната поддршка од официјален Берлин, во насока на успешно спроведување на ЕУ и НАТО реформската агенда на Македонија. МНР Димитров се осврна на тековните внатрешно-политички состојби и за развојот на кампањата за претстојниот референдум и предизвиците за целосна имплементација на Договорот од Преспа со соседна Грција.

На средбата било изразено заемно задоволство од динамизираната соработка со Парламентот на Германија во изминатата година, која се рефлектира преку бројни посети и средби, а биле разгледани и актуелни прашања од регионален и поширок контекст.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани