Струмички „Комуналец“ набави дробилка за отпадна дрвна маса

Од:

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица набави машина – дробилка за отпада дрвна маса, со која се овозможува повеќенаменска употреба на овој отпадок. Досега дрвната маса која комуналното претпријатие ја добиваше преку режење на дрворедите и уредување на јавните површини завршуваше неискористена на депониите.

– Со набавката на оваа машина потврдуваме дека сме претпријатие кое што се грижи и учествува во искористувањето на отпадната дрвна маса. Дел од неа ќе се користи за нашите жардинерии и зелени површини, а во преговори сме за партнерство со одредени компании кои што произведуваат пелети, па дел од таа дрвна маса да им се дава на нив, рече директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев.

Додаде дека според нивните податоци вкупно околу 40 илјади метри кубни е дрвната отпадна маса на ниво на цела држава заедно со шумските стопанства, а во делот на комуналните претпријатија е околу 10 илјади метри кубни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите