Пред Европската унија и Русија долг е патот пред да се вратат односите во нормала, но потребно е да се одржува дијалог со Русија наместо нејзино изолирање, изјави денеска претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.
Шефот на германската држава тоа го кажа во интервју за финскиот весник „Хелсинг саномат“, пред посетата на Финска.
– Никој не може да биде среќен со моменталната состојба на односите меѓу Германија и Европа со Русија, порача Штајнмаер.
Тој додаде дека активностите на Русија во источна Украина и на Крим во голема мерка негативно влијаеле на односите на двете страни.