ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да ги присилува граѓаните што да прават на денот на референдумот

Од:

„Договорот со Грција е најлошиот договор потпишан во историјата на Република Македонија. Заев ги урна позициите на државата и прифати работи кои неговите претходници не ни помислувале да ги прифатат.

Заев нема одговори зошто прифатил промена на идентитетот, историјата и културата и затоа бега од дебата.

Под превезот на референдумот се прави голем криминал. Милионски тендери се доделуваат на партиски активисти или нивни роднини, додека граѓаните ги лажат со европски вредности, од кои немаат ни Е.

Заплашеното обвинителство и суд молчат. Но тие нема да молчат засекогаш, криминалот кој сега се прави ќе дојде ден кога ќе биде изведен на виделина и секој еден кој направил криминал ќе одговара.

Ќе одговара и Заев кој отворено на сред град ги повикува бизнисмените да даваат поткуп на работниците за да излезат да гласаат ЗА.

Човекот кој е аболициран за криминал тежок 8.5 милиони евра, кој е фатен како бара поткуп од 200.000 евра, сега бара од бизнисмените во државата да поткупуваат гласачи за референдум. За ова одговорност ќе има.

Никој, ниту Заев не смее да ги присилува граѓаните што да прават на денот на референдумот. Граѓаните мора сами да одлучат, тие најдобро знаат што треба да направат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски