ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се охрабри и да излезе на дебата

Од:

„Не е храброст да го промениш името, идентитетот, Уставот и јазикот на Македонија, туку кулавичлук. Заев треба да се охрабри и да излезе на дебата.

Зоран Заев ги повторува истите лаги секаде, а нема аргументи за губењето на институционалниот идентитет, македонската култура, историја и традиција.

Срамно и скандалозно е премиер на држава како Македонија да зборува дека му треба камшикар за да го среди македонскиот народ. Таквиот став е директна навреда и потценување за македонскиот народ. Ниту некој го камшикувал, ниту некој ќе го камшикува македонскиот народ, ниту во минатото, ниту тоа ќе биде случај во иднината.

Зоран Заев во недостиг на аргументи за договорот со Грција бега од дебата за истиот, знаејќи дека нема како да ги одбрани продавањето на државните и националните интереси.

Договорот е капитулантски, со него се откажуваме со сите Македонци и од се што е македонско и затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив.

Заев каде и да стигне лажно ги поистоветува македонските евроинтеграции со прифаќање на капитулантскиот договор и промена на името на државата, а воедно и го погани името на Европската Унија изедначувајќи го со неговиот криминоген начин на работење.

Заев и неговиот картел немаат ниту е од европски вредности, а референдумот за промена на името на државата го користат за да го затскријат милионскиот грабеж кој моментално и го приредуваат на Република Македонија.

Во ЕУ не се оди со наместени тендери кои ги добиваат новоотворени фирми специјално за да го добијат тендерот.

Во ЕУ не се оди ни со наместени грантови од Фондот за иновации кои ги добиваат партиски активисти и роднини на функционери од Владата на СДСМ.

Во ЕУ не се оди со закани и уцени врз вработените во државните институции со заплашување дека се прислушкувани и следени.

Во ЕУ се оди со работа и со принципи кои што Зоран Заев и неговата Влада не ги поседуваат.

Токму затоа Зоран Заев наместо декларативно и лажно да се залага за ЕУ, треба веднаш да си замине од власт пред штетата која и ја нанесува на Македонија да биде ненадоместлива“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски