Кинезите заработуваат над две милијарди долари од продажба на смартфони за една четвртина

Од:

Приходите од продажба на смартфони во светот се зголеми за четири проценти во вториот квартал на годината, благодарение најмногу на кинеските производители, според податоците на аналитичката компанија „Counterpoint Technology Market Research“.

Во периодот април-јуни 2018 година, кинески компании продале на глобалниот смартфон пазар уреди во вкупна вредност од над две милијарди долари – квартален праг кој производителите од азиската земја го надминуваат за прв пат, забележуваат аналитичарите

Кинеските производители наметнуваат сè поуспешно производи на пазарот и веќе имаат околу една петтина удел во добивката на светскиот пазар за смартфони, тврди „Counterpoint Technology Market Research“.

Во исто време, кинеските марки планираат да воведат ново ниво на цените во премиум сегментот. Oppo, Vivo и Huawei континуирано ја прошируваат функционалноста, иако иновациите на паметните телефони веќе го достигнаа врвот.

Аналитичарите истакнуваат нова генерација премиум смартфони како Vivo Nex (со екран Ultra Full View и вграден во него скенер на отпечаток), Oppo Find X (со екран Ultra Full View) и Huawei P20 Pro (со тројна камера).

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска