(ВИДЕО) Арсовски: Свирепото убиство од полицаец покажува дека во МВР ништо не функционира

Од:

„Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски мора да понесе одговорност.

Ова што и се случува во полицијата е дно дна.

Вакво свирепо убиство ретко се гледа дури и на филм. Да изрешетате човек и потоа да го запалите е неверојатно брутално злосторство кое покажува дека во МВР ништо не функционира.

Не се води сметка ниту за психичката состојба на вработените, ниту пак се врши контрола или пак се санкционира незаконското постапување на полицијата. Со други зборови хаос и безредие на сите нивоа на министерството“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Отворено прашуваме, зошто МВР не ги соопшти мотивите на бруталниот убиец? Дали мотивот се пари и изнуда? Дали истиот тоа го правел и претходно и му било редовна пракса? Како е можно МВР да нема макар оперативна информација или сомнеж за криминалот на својот вработен? Како тогаш граѓаните да очекуваат дека Спасовски е способен и има волја да собере информација и да се бори со било каков криминал кога не знае што му се случува внатре во министерството со кое што раководи и воедно го одобрува истото?

Што се однесува до бруталноста на злосторството, МВР мора да одговори дали нивниот убиец ги минал задолжителните медицински прегледи? Кој го пуштил? Дали тоа биле неговите партиски колеги од министерството?

Тоа што се случува во МВР е срамно. Цената на хаосот ја плаќаат недолжни граѓани. Тие се чувствуваат исплашени, несигурни и се загрижени за својата безбедност и безбедноста на своите најблиски.

Што уште треба да се случи за Спасовски да понесе одговорност? Треба ли да гледаме организирани банди од МВР или масовни убиства извршени од полицајци низ целата држава?

Министре Спасовски, време е да си заминете. Да си заминете уште веднаш. Три години сте во министерството. Зад вас нема ниту една единствена реализација. Единствено што ве следат се скандалите.

Нарушена е јавната безбедност, со СДСМ на власт на улиците царува криминалот, и мафијата на улиците, убиствата, грабежите и сите други останати видови на криминали кои станаа наше секојдневие, граѓаните се загрижени. Ова безредие и хаос мора да запре. Полицијата мора да повторно да биде во служба на граѓаните. СДСМ мора да си замине уште веднаш“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари