СДСМ: Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ, поттикнувањето повисоки плати за работниците е одговорност на секој премиер

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, се целосно посветени и одлучни во процесот на градењето социјална држава, фер и еднакво општество за сите и повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија и пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста?

Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано години наназад, поттикнувањето повисоки плати за сите работници, треба да биде одговорност на секој премиер.

Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард.

Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќна демократска алатка а гласот на граѓаните е конечен“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници