Карпошани се вклучија во акцијата за почиста општина

Од:

На Светскиот ден на чистење, 15 септември, Општина Карпош организираше акција за темелно чистење на Општината. Во еко – акцијата се вклучи општинската администрација, општинското раководство, членовите на Советот, заинтересирани граѓани и општествено одговорни компании. Се чистеа зелените површини, паркови и детски игралишта меѓу зградите. Во акцијата се приклучи и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој посочи дека преку личен пример треба секој од нас да придонесе за заштита на животната средина.

– Оваа акција има за цел да ја подигне јавната свет, а на наше задоволство се приклучија голем број на граѓани и општествено одговорни субјекти. Секако, Општината тековно и секојдневно се грижи за јавната чистота, за хигиената по сервисните улици, меѓублоковското зеленило и пристапните патеки, рече Богоев.

Акцијата се спроведе на територијата на цел Карпош, а во неа се вклучија повеќе компании и едно регулаторно тело: „Тојота Македонија“, „Symphony Solutions“, „Јахја Кемал“ и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Исто така, акцијата беше поддржана и од службите на ЈП „Паркови и зеленило“ кои со своите капацитети помогнаа да се собере отпадот од сите собирни пунктови.

Општина Карпош во изминатиот период ангажираше и поголем број на хигиеничари кои се рамномерно распоредени во сите населби ширум општината, а за одржување на хигиената набави и возило (камионче), кое служи за собирање на погабаритен отпад.

Би можело да ве интересира

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров