(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Заев како политичар е колективна несреќа за целиот македонски народ

Од:

Од средбите со нашите граѓани може да се види дека кај нашиот македонски народ владее тага и се чувствува несреќата во нивните лица. Од цела оваа политичка, но и економска состојба моментално во државава може слободно да се каже дека Зоран Заев како политичар е колективна несреќа за целиот македонски народ и за Република Македонија, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ од Валандово.

– Наоѓаме негодувања кај народот и за економскиот дел на политиката каде што јасно се кажува дека не само што СДСМ не го спречи иселувањето на народот, туку напротив народот уште толку се иселува од Република Македонија. Немаме ниту едно вработување во последниов период, особено во овој регион, се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во нивните семејства, нашите сограѓани и се плашат дека може да ескалира и понатаму Од друга страна она што дополнително сериозно ги мачи и ги засега е срамниот и штетен Договор со Грција, кој што го потпиша Владата на Зоран Заев со Владата на Ципрас од Република Грција, рече Ѓорѓиевски.

Според него, македонскиот народ сериозно негодува на тој договор и не го поддржува истиот.

– Ние како политичка партија го кажавме нашиот став. Нашиот претседател Христијан Мицкоски го повика и Зоран Заев на ТВ дуел, видовме како избегнува Зоран Заев да се соочи со нашиот претседател, претпоставуваме дека една од причините е договорот но останатиот дел од последиците економски кои што ги трпи нашиот македонски народ овде во Република Македонија е дополнителна причина да се плаши да излезе на тој телевизиски дуел со него и токму затоа бега. Ние ќе му порачаме на Зоран Заев дека нема да дозволиме таа колективна несреќа, таа колективна катастрофа која што и ја прави на Република Македонија вечно да трае. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме сериозна потпора на македонскиот народ, ќе бидеме нивна закрила како во минатото така и сега и заеднички ќе се избориме да го победиме овој режим на Зоран Заев овие притисоци што ги прави на македонскиот народ и еднаш засекогаш да го испратиме како еден од најнеуспешните политичари во историјата на македонската политичка сцена, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски

Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот