Филипче: Пред нас е историски момент за евроатлантска интеграција

Од:

Процесите кои и претстојат на нашата земја се исклучително важни. Ова се историски моменти и можност за приклучок во НАТО и Европската унија, кои не смееме да ги пропуштиме, им порача денеска на стружани министерот за здравство Венко Филипче.

На средбата со граѓаните на Струга и Вевчани, тој изрази уверување дека треба да сме горди што токму на оваа генерација и припадна можноста конечно да се заокружи независноста и да се обезбеди иднината на нашата земја.

– Со евроатлантската интеграција на Македонија не се гарантира само стабилноста и безбедноста, туку се обезбедува и економски напредок, а со тоа како и во сите други сектори ќе се почувствува и во здравствениот, подвлече Филипче.

Тој информира дека во разговори претставници на ЕУ најавиле дека се планира за две до три години формирање посебен сектор здравство во ИПА фондовите.

– Ние сме цврсто уверени дека сето ова што ни претстои, нашата интеграција кон евро-атланските структури ќе значи не само подобар економски напредок, туку и подобро здравство за сите граѓани. Со тоа ќе ги задржиме и младите во нашата земја бидејќи ќе ја донесеме Европа кај нас, изјави Филипче.

Од средбите со граѓаните, министерот за здравство забележал дека тие знаат кои се придобивките од членството во НАТО и ЕУ.

– Граѓаните знаат кои се придобивките од овие процеси. Сведоци се што се случуваше со државата изминатите години и веруваат во процесот, бидејќи на многу од нив децата им заминале во други држави барајќи подобар живот и напредок во професиите и пристоен живот, налгси Филипче.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска