Паралелка на ПОУ „Д-р Златан Сремец“ од оваа година во ООУ „Александар Македонски“

Од:

Оваа учебна година во рамките на основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар ‒ Аеродром, ќе функционира интегирана паралелка од посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“.

Од Општина Аердром наведоа дека просторијата ќе се користи без надомест, како и дека обезбеден и бесплатeн оброк за учениците.

– Општина Аеродром ја поддржа иницијативата за подобрување на условите за реализирање на воспитно-образовниот процес за учениците од ова училиште, кои се жители на Општина Аеродром, соопштија надлежните.

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ има девет интегрирани паралелки што го реализираат воспитно-образовниот процес во рамките на општинските училишта на територија на градот.

Би можело да ве интересира

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

35-годишен маж од Аеродром бил истепан од сопругата

Горан Наумовски

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро