Исплатени 99 отсто од земјоделските субвенции

Од:

До први септември годинава се исплатени 99 отсто од ланските субвенции или реализирани се вкупно 6,8 милијарди денари, соопшти денеска директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.

На средба со новинари во Агенцијата, Бабобски информира дека околу 80 проценти е реализацијата на буџетот за трите видови поддршка во земјоделството: директните плаќања (субвенциите), поддршката за руралниот развој и за рибарството и аквакултурата.

Според директорот, најмногу од средствата се распределени за градинарството, а најмалку за органското поривзодство.

– Од 2006 година досега нема анализа за тоа што е сменето со давањето субвенции во земјоделство, истакна директорот, одговорајќи на прашања.

Бабовски напомена дека е значително зголемена и реализацијата на ИПАРД средствата. На првиот јавен повик од ИПАРД 2 Програмата се доставени 1.680 апликации и засега се потпишани 800 договори, но се очекува оваа бројка да достигне 900.

– Следниот ИПРАД 2 повик ќе биде објавен наскоро. Не можам да прецизирам кога, но секако тоа ќе се случи до крајот на годинава. Желба на Агенцијата е да им помогне на земјоделците да повлечат што повеќе расположливи средства кои потоа би се селале во македонската економија, рече директорот, укажувајќи дека вкупниот број договори за целата ИПАРД 1 Програма изнесуваше 1.093, а сега, само со првиот повик за ИПАРД 2 речиси се достигнува оваа бројка.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан